
Ши и Стармер се залагаат за продлабочување на соработката помеѓу Пекинг и Лондон
Британскиот премиер повика на продлабочување на односите и соработка со Кина за глобалната стабилност, климатските промени и други прашања.
Како постојани членови на Советот за безбедност на ОН и важни светски економски играчи, Кина и Велика Британија треба да ги интензивираат дијалогот и соработката, изјави кинескиот претседател Ши Џјинпинг на средбата во Пекинг со британскиот премиер Кир Стармер.
Британскиот премиер повика на продлабочување на односите и соработка со Кина за глобалната стабилност, климатските промени и други прашања.
– Одамна јасно ставив до знаење дека Велика Британија и Кина имаат потреба од долгорочно, конзистентно и сеопфатно стратешко партнерство, наведе Стармер.
Британскиот премиер е во посета на Кина до 31 јануари, а е придружуван од голема бизнис делегација. Тие покрај Пекинг ќе го посетат и Шангај.
Тоа е прва посета на британски премиер на Пекинг од 2018 година – последното патување во Кина беше на Тереза Меј.