
Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски за американската телевизија „Пи-би-ес“ (PBS) изјави дека „крајно време е претседателот Трамп да сфати дека Путин се потсмева на него“.
Тој додаде дека наместо примирје и сериозни мировни преговори, што се очекувале пред средбата на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска, Русија испратила повеќе дронови прво на Украина, а сега и на НАТО.
Изјавата на Шикорски уследи откако Трамп изјави дека упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор би можело да е грешка. Додека за Полска и европските сојузници е намерна провокација и нова ескалација на војната.
Руски беспилотни летала на 9 септември навлегоа во полскиот воздушен простор, за време на нападот врз Украина, а полската армија со помош на НАТО собори 19 дронови. Според Варшава дроновите навлегле дури 480 километри на полска територија.