Шешко: Ибрахимовиќ е мојот фудбалски идол

Засилувањето на Манчестер Јунајтед, Бенџамин Шешко, изјави дека се надева дека ќе достигне нивото на Златан Ибрахимовиќ, кој играше за тимот од 2016 до 2018 година.

Засилувањето на Манчестер јунајтед, Бенџамин Шешко, изјави дека се надева дека ќе достигне нивото на Златан Ибрахимовиќ, кој играше за тимот од 2016 до 2018 година.

Токму Швеѓанецот е идол од фудбалот на словенечкиот фудбалер од кого навивачите на Манчестер јунајтед имаат големи очекувања.

– Го гледам уште од дете, секое видео на YouTube кое можам да го најдам затоа што е неверојатен. Имаме различни личности, но сакам да видам како играше, како го разбира фудбалот, како функционира. Сонував еден ден да го сретнам, би било одлично, па генерално тој е мојот идол. Имаме различни стилови на игра, но во секоја ситуација се обидувам да го правам истото како него“, изјави 22-годишниот Шешко за „MU TV“.

Ибрахимовиќ постигна 29 гола и имаше 10 асистенции на 53 натпревари за Манчестер јунајтед. Тој со МЈ ја освои Лигата на Европа и Англискиот Лига Куп во сезоната 2016/2017, а исто така го освои и ФА Комјунити Шилд во 2016 година.

Шешко потпиша договор со Манчестер Јунајтед до 30 јуни 2030 година.