Шешељ: На Србија не треба да и пречи учеството на Косово на музички и спортски настани

Претседателот на Српската радикална партија – Воислав Шешељ изјави дека на Србија не треба да и пречи учеството на Косово на меѓународните спортски и музички манифестации бидејќи, според него, тоа нема никаква врска со признавањето на независноста.

Тој оцени дека не се искрени критиките упатени од ЕУ и САД до косовскиот премиер Албин Курти за укинувањето на динарот и дека „еврото ќе се укине преку ноќ“ доколку тоа навистина го сакаа големите сили.

Шешељ гостувајќи на телевизија Хепи рекол дека му се чини дека има шанси Косово да биде примено во Советот на Европа, но дека Србија мора да ја напушти меѓународната организација, доколку тоа се случи.

„Советот на Европа благо реагираше на изборите во Србија. Ќе кренаа голема врева без разлика дали имаа аргументи, но изгледа дека се подготвуваат да го примат Косово во Советот на Европа“, оцени Шешељ.