Шеф на украинска безбедност пронајден мртов
Александар Наконечни, раководител на регионалниот оддел на СБУ во регионот Кировоград бил пронајден мртов во својот дом со прострелна рана.
Во првите извештаи се наведува дека Александар Наконечни, кој беше началник на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во регионот Кировоград од почетокот на 2021 година, е пронајден мртов во неговата куќа во Кропивницки.
„Евровикли“ објави дека Наконечни починал од прострелна рана во неговиот стан на улицата Тарковски во Кропивницки, град во централна Украина на реката Инхул, вчера околу 23 часот.
Според медиумите, телото на Наконечни го открила неговата сопруга. Весникот објави дека полицијата на лице место се посомневала дека шефот на СБУ „се самоубил користејќи пиштол“.
Веста се појави и на социјалните мрежи. СБУ и Државното биро за истраги се обидуваат да ги утврдат околностите под кои настапила смртта.
BREAKING: The head of the SBU in the Kirovohrad region, Nakonechny, was found dead
With a gunshot wound to his body in his home in Kropyvnytskyi. pic.twitter.com/5tbgcKXNNo— Russia Ukraine Conflict (@Russiaconflict) August 21, 2022