Повеќе од 20 лица се приведени во врска со терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва на 22 март, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников на состанокот на Советот на шефови на безбедносни агенции и Специјални служби на Комонвелтот на независни држави (ЗНД) во главниот град на Киргистан, Бишкек.
Бортников тврди дека веќе може со сигурност да се каже дека украинската воена разузнавачка служба е директно поврзана со тој терористички напад, пренесе РИА Новости.
„Во моментов го утврдуваме целиот круг на инволвираните во злосторството. Повеќе од 20 лица се веќе приведени, меѓу кои и непосредни сторители и соучесници“, рече Бортников.