Шефот на Украинската разузнавачка агенција (ГРУ), генерал Кирил Буданов, изјави дека ја анализирале тајната внатрешна истрага на руското Министерство за внатрешни работи, која се занимавала со јавна поддршка по бунтот на платеничката група Вагнер.
Тој рече дека студијата покажува дека за време на востанието, основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, имал јавна поддршка во 17 од 46 руски региони, додека Путин имал поддршка во 21 регион.
„Тоа е она што го гледаме сега – дека руското општество е поделено на два дела“, рече Буданов за Тајмс.
„Ситуацијата точно укажува за што зборува нашата служба: дека Руската Федерација е на работ на граѓанска војна. Потребна е само мала афера и внатрешниот конфликт ќе се засили“, додаде тој, пренесува Index.hr.