
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин бил хоспитализиран околу новогодишните празници, но тоа не го знаеле неговите најблиски соработници и јавноста, а не е позната ниту причината за неговото примање во болница, јавува Гласот на Америка (VOA), наведувајќи дека Остин ја презеде одговорноста за ситуацијата, но таа тајност не е практика кога се во прашање високи американски функционери.
Неговата заменичка Кетлин Хикс не била однапред информирана дека Остин е во болница од 1 јануари, но дознала кога дошла да ги преземе неговите должности неколку дена подоцна.
Претседателот Џозеф Бајден дознал за хоспитализацијата на Оситна дури во четвртокот, 4 јануари, изјави анонимен функционер за Ројтерс.
Патем, Бајден е на врвот на воениот синџир на команда и е директно супериорен во однос на Остин, чија должност е да може во секој момент да одговори на секоја национална безбедносна криза.
70-годишниот Остин потоа изјави во изјава дека ја презема „целосната одговорност“ за тајноста околу неговиот прием во болница.
Во неделата, Пентагон објави нови детали за хоспитализацијата на секретарот за одбрана – дека Остин имал операција на 22 декември, бил отпуштен еден ден подоцна и повторно бил примен на 1 јануари поради силни болки.
Во соопштението, потпишано од генерал-мајор Пат Рајдер, нема детали зошто Остин морал да остане на интензивна нега.
Се вели дека Остин бил сместен на интензивна нега „од медицински причини и останува таму поради приватноста и распоредот на пациентите во болницата“.
Тоа што Пентагон не објави дека Остин е хоспитализиран и дека високите функционери со денови не знаеле за тоа, укажува на недостиг на транспарентност во врска со болеста на Остин, колку е сериозна и кога може да ја напушти болницата.
Таквата тајност не е практика кога станува збор за високи американски функционери и членови на кабинетот, забележува Гласот на Америка.
Рајдер објасни дека Кетлин Хикс и Советот за национална безбедност на Белата куќа дознале дека Остин е во болница на 4 јануари и дека началникот на неговиот кабинет, Кели Мегсамен, „бил болен и не можел да ги извести другите порано“.
Во изјавата во саботата, Остин ја презеде одговорноста што никој не бил известен.
„Признавам дека требаше подобро да работам за да ја информирам јавноста и посветен сум на тоа да го подобрам. Но, важно е да се нагласи дека ова е моја медицинска интервенција и дека е моја одговорност да одлучам што ќе биде објавено за тоа“, рече Остин.