Шефот на Пентагон: Кина и Русија сакаат свет во кој употребата на сила ќе ги решава споровите

Кина и Русија сакаат свет во кој ќе се користи сила за решавање на споровите, изјави денеска американскиот министер за одбрана Лојд Остин и вети дека САД ќе продолжат да го почитуваат меѓународното право.

„Пекинг, како и Москва, бара свет во кој силата е праведна, каде споровите се решаваат со сила и каде автократите можат да го изгаснат пламенот на слободата“, рече Остин на Меѓународниот безбедносен форум во канадскиот град Халифакс.

Според него, напорите на Москва да ја добие поддршката од земји како Иран и Северна Кореја создаваат нови безбедносни предизвици за САД и нивните сојузници.

„Русија се сврте кон Иран и Северна Кореја за да го поддржи нејзиниот напад врз Украина, вклучително и употребата на ирански беспилотни летала за убивање украински цивили“, рече шефот на Пентагон.

Според него, руската инвазија на Украина нуди поглед во „можен свет на тиранија и пресврти во кој никој не би сакал да живее“.