Зборувајќи на конференцијата Руска енергетска недела во Москва, Милер ја предупреди Москва на последиците од откажувањето од рускиот гас кажувајќи дека „нема гаранции дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на моменталниот капацитет на резервите на гас“.
Денес рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Москва е спремна да ја обнови испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 2, кој води до Германија под Балтичкото Море.
Намалувањето на снабдувањето со руски гас предизвика скок на цените поттикнувајќи ја инфлацијата и вршејќи притисок врз европските влади да помогнат во ублажувањето на вртоглаво високите сметки за енергија за домаќинствата и компаниите.