Шефовите на најголемите банки во светот одржале таен разговор

Како што дознава Скај Њуз, вчера лидерите на големите финансиски институции како Bank of America, Barclays, Citi и HSBC Holdings учествувале на заедничка конференциска врска на која разговарале за растечката неизвесност на пазарите, додека падот на цените на акциите ги подгреал стравувањата од нова глобална рецесија.

Извршните директори на некои од најголемите банки во светот одржаа доверливи разговори за продлабочувањето на кризата на финансиските пазари и можните последици за глобалната економија која беше потресена од трговската офанзива на претседателот Доналд Трамп.

Како што дознава Скај Њуз, вчера лидерите на големите финансиски институции како Bank of America, Barclays, Citi и HSBC Holdings учествувале на заедничка конференциска врска на која разговарале за растечката неизвесност на пазарите, додека падот на цените на акциите ги подгреал стравувањата од нова глобална рецесија.

Поканата, според извори, била организирана од Институтот за банкарска политика, организација со седиште во Вашингтон која се занимава со финансиска регулатива и јавна политика.

Меѓу учесниците на повикот беа Брајан Мојнихан (Bank of America), ЦС Венкатакришнан (Barclays) и Жорж Елхедери (HSBC), а според информациите на функционер од странска банка, им се придружија и претставници на Џеј Пи Морган. Претседателот и извршен директор на Џеј Пи Морган, Џејми Дајмон, во своето годишно писмо до акционерите, денеска предупреди на инфлаторните притисоци и заканата од рецесија како директна последица на трговската војна.

Еден извор изјави дека целта на разговорите е да им се овозможи на американските банкари да ги претстават своите ставови за ситуацијата пред меѓународните колеги и да ја споделат загриженоста за ескалацијата на царинскиот конфликт.

Во меѓувреме, акциите на водечките банки ширум светот бележат значителни загуби поради големите берзански потреси. Британската министерка за финансии Рејчел Ривс наводно е во постојан контакт со директорите на водечките британски банки, како и со гувернерот на Банката на Англија.