Сју Греј, шефица на кабинет на британскиот премиер Кир Стармер, денеска поднесе оставка, по неодамнешните критики и тензии меѓу неа и главниот советник на премиерот, Морган МекСвини, за веста дека таа заработува повеќе од премиерот.
Би-Би-Си објави дека годишната плата на Греј била 170.000 фунти, што е за околу 3.000 фунти повеќе од годишната плата на еден британски премиер.
Греј изјави дека ја прифатила новата улога на претставник за региони и нации на премиерот Стармер, а МекСвиник ќе ја замени како шеф на кабинет во Даунинг Стрит.
„Во текот на мојата кариера, мојот прв интерес секогаш беше јавниот сервис. Сепак, во последните недели ми стана јасно дека јавната дебата за мојата позиција ризикува да ја наруши виталната работа на владата“, рече Греј во изјавата.
Греј стана познат во 2022 година кога ги водеше истрагите „Партигејт“ – тврдења дека поранешниот конзервативен премиер Борис Џонсон и неговиот персонал присуствувале на забави во владините згради и покрај строгите правила за заклучување поради Ковид-19. Истрагата помогна да Џонсон да замине од власта.
Во последните недели, Стармер се соочи со критики за платата на Греј, како и негативни извештаи дека тој и неговата сопруга прифаќале подароци и други предмети во вредност од илјадници фунти, што тој го демантираше.