Шефик Џаферовиќ – бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина денеска ја презема функцијата претседавач, која ќе ја извршува во следните 8 месеци.
Џаферовиќ ќе ја преземе должноста претседател на Претседателството на БиХ од хрватскиот член Жељко Комшиќ.
Џаферовиќ доаѓа на функцијата претседавач по принципот на ротација, кој е дефиниран со Уставот на БиХ и Деловникот за работа на Претседателството на БиХ.