
Шест службени лица добија кривична пријава од адвокатот на разрешената директорка на гимназијата во Демир Хисар
Стевановски во кривичната пријава наведува дека шест службени лица, односно градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето што тој ја назначи на местото на Лозановска, двајца просветни и двајца полициски инспектори организирале незаконски активности за разрешување на директорката Маја Лозановска.
Жарко Стевановски, адвокат на Маја Лозановска, денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против шест службени лица во врска со разрешувањето на Лозановска од директорската функција во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.
Стевановски во кривичната пријава наведува дека шест службени лица, односно градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето што тој ја назначи на местото на Лозановска, двајца просветни и двајца полициски инспектори организирале незаконски активности за разрешување на директорката Маја Лозановска.
Целта, според адвокатот, била да се реализираат вработувања по партиски клуч на технички персонал и наставен кадар во средното училиште.
-Се потврди основот на сомневање дека во временскиот период од петти месец (мај), па заклучно со 08.08. 2025 година организирано со цел да овозможат партиски вработувања, односно вработувања по партиски клуч презеле секој во свој домен соодветни дејствија заради реализација на распишаниот оглас за вработување на 19 лица, технички персонал и наставен кадар во Средното училиште – рече тој.