
Шест лица го загубија животот во тропска бура на Филипините, над 22 илјади се евакуирани
Тропската бура Феншен денеска ги погоди северните и централните делови на Филипините при што животот го загубија шест лица, а повеќе од 22.000 луѓе беа принудени да се евакуираат од селата погодени од поплави и лизгање на земјиштето.
ропската бура Феншен денеска ги погоди северните и централните делови на Филипините при што животот го загубија шест лица, а повеќе од 22.000 луѓе беа принудени да се евакуираат од селата погодени од поплави и лизгање на земјиштето.
Тропската бура го помина заливот Манила со налети на ветер до 90 километри на час.
Едно локално лице се удави вчера во градот Роксас во покраината Капиз во централниот дел на Филипините, каде поплавени се многу села со доаѓањето на плимата, соопштија полицијата и покраинските власти.