
Шест лица осомничени за групно силување на 13-годишно девојче во сицилијанскиот пристанишен град Катанија се уапсени, а полицијата трага по седмиот осомничен, потврдија денеска неименувани извори од италијанското правосудство.
Сите осомничени се наводно Египќани, а тројца, меѓу кои и лицето кое е во бегство, се малолетни, пренесува АНСА.
Инцидентот се случил во паркот на Вила Белини, каде што жртвата наводно била силувана од двајца осомничени, додека другите гледале.
Силуваната девојка била со своето момче, кое насилниците под закана го принудиле да го напушти местото каде било извршено насилството.