Трагедија во Белгија откако автомобил со голема брзина удри во изведувачи на карневал.
Загинаа шест, луѓе, а се повредени десет лица кои се подготвувале за парадата, соопштија властите.
„Во оваа фаза, нема елементи кои сугерираат дека нападот имал терористички мотив“ – изјави белгискиот обвинител – Демиен Верхејен на прес-конференција.
Инцидентот се случил во јужното белгиско село Стрепи-Бракенис околу 5 часот утрината. Меѓу 150 и 200 луѓе се собрале за да се подготват за годишниот карневал.