Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска во напад на градинка во Лианџијанг на југот на Кина, соопштија локалните власти.
Меѓу седумте жртви има „наставник, двајца родители и три деца“, додека осомничениот за нападот е уапсен, соопштија локалните власти, додавајќи дека детали за идентитетот и возраста на жртвите и видот на оружјето што е употребено се уште не се познати.
Во Кина е забрането поседување огнено оружје. Меѓутоа, нападите со нож се зголемени во последните години во таа земја.
Во август минатата година, напаѓач со нож упадна во градинка во југоисточната провинција Џиангкси, убивајќи три лица и рани шест други.
Во април 2021 година, две деца загинаа, додека 16 други беа повредени за време на масовно прободување со нож во градот Беилиу.
Во октомври 2018 година, 14 деца беа повредени во напад со нож во градинка во Чонгкинг, југозападна Кина.
Кинеските власти ја зајакнаа безбедноста околу училиштата од 2010 година.
Таа година, Министерството за јавна безбедност ги повика локалните власти „одлучно да ги спречат“ криминалните активности, за да се осигура безбедноста на наставниците и учениците.