Шекеринска: Сојузниците во НАТО со 20 милијарди евра ќе ја поддржат за Украина
Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во видео обраќање на социјалните мрежи информираше за одлуките од состаноците на министрите за одбрана на сојузничките земји на НАТО и земјите партнери се сретнаа во шатбот на НАТО оваа недела на два важни состанока.

Станува збор за состаноците на „Коалицијата на подготвените“, чии домаќини беа Франција и Обединетото Кралство и на Контакт групата за одбрана на Обединетото Кралство и Германија.
Од овие два важни состанока, соопшти Шекеринска, произлегуваат две важни работи што треба да се знаат:
Прво, продолжуваме да ја поддржуваме Украина и нивните храбри напори. Оваа година сојузниците во НАТО се обврзаа да испорачаат помош за Украина во висина од 20 милијарди евра за безбедносна поддршка. Од страна на НАТО продолжуваме со конкретна практична и политичка асистенција преку нашата команда во Визбаден, преку нашата канцеларија во Украина и од повеќе други страни.
Второ, ги поздравивме напорите на сојузниците да се донесе оваа војна до нејзиниот крај. Сите сакаме праведен и траен мир во Украина. За да го постигнеме тоа мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украине во изградба на нејзините сопствени воени сили за да бидат способни да спречат било каква идна агресија на подолг рок.