Шекеринска почна со работа во НАТО

Поранешната министерка за одбрана на Македонија и прва Македонка на висока функција во Алијансата, Радмила Шекеринска, од вчера е активно ангажирана во НАТО. се очекува денес таа да учествува и на министерскиот состанок на кој главна тема ќе биде Украина.

Поранешната министерка за одбрана на Македонија и прва Македонка на висока функција во Алијансата, Радмила Шекеринска, од вчера е активно ангажирана во НАТО. се очекува денес таа да учествува и на министерскиот состанок на кој главна тема ќе биде Украина.

На страницата на НАТО веќе јасно стои дека Шекеринска од втори декември е заменик генерален секретар на Алијансата и дека таа има големо искуство како политичлар и пистигнувач на консензуси.

Таа, според НАТО, е шампион во родов баланс и промотор на силни трансатлантски односи. На НАТО му се приклучи по забележителната политичка кариера  која, според текстот, вклучува два мандати како министер за одбрана,  како прва жена на таа позиција во Македонија.

„Како министерка за одбрана, таа беше клучна во подготовката на Северна Македонија за влез во НАТО, предводејќи ги сложените владини реформски програми и трансформацијата на вооружените сили. Под нејзино водство, Северна Македонија го зголеми својот придонес во мисиите и операциите на НАТО, вклучително и во Авганистан, Косово, Ирак и засилено напредно присуство на НАТО во Латвија. Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО во 2020 година и успешно постигна целосна воена интеграција во НАТО за помалку од 19 месеци.

Шекеринска беше пратеник во парламентот (2006-2014) и е единствената жена што водеше некоја од главните политички партии во Северна Македонија. Како вицепремиер задолжен за европска интеграција и координација на странска помош (2002-2006), таа ја надгледуваше апликацијата на Северна Македонија да стане земја кандидат за пристап во Европската унија.Таа помогна да се склучат сложени договори, особено трите кои го обликуваа демократскиот пат на Северна Македонија: Охрид, Пржино и Преспа. Таа беше одликувана со Орден „Командант на националниот орден за заслуги на Франција“ во 2018 година за исклучителни граѓански заслуги.

Радмила Шекеринска е родена на 10 јуни 1972 година во Скопје. Дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје и магистрирала меѓународни односи на Флечерската школа за право и дипломатија, Универзитетот Тафтс, САД. Предавала и „Структури и институции на ЕУ“ на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Зборува англиски, француски и повеќето јужнословенски јазици“, стои во официјалната биографија објавена од НАТО.