Шекеринска како заменик-шеф на НАТО во Софија разговараше за придонесот на Бугарија во Алијансата

„Бугарија е постојано меѓу сојузниците во Алијансата, кои со своите доследни акции го одржуваат и зајакнуваат нејзиното единство“, изјави заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска за време на посетата на Софија. „Вашата земја има исклучителен потенцијал за развој на одбранбената индустрија, а најновите иницијативи поврзани со механизмот SAFE, како и неодамна објавениот договор со ‘Рајнметал’, се индикативен пример во оваа насока“, нагласи таа.

„Бугарија е постојано меѓу сојузниците во Алијансата, кои со своите доследни акции го одржуваат и зајакнуваат нејзиното единство“, изјави заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска за време на посетата на Софија. „Вашата земја има исклучителен потенцијал за развој на одбранбената индустрија, а најновите иницијативи поврзани со механизмот SAFE, како и неодамна објавениот договор со ‘Рајнметал’, се индикативен пример во оваа насока“, нагласи таа.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков се сретна со Шекеринска во седиштето на владата.

Жељазков во разговорот ги изложил ставовите на Софија за местото и посветеноста на државата во НАТО: Тој рекол дека Бугарија се придржува до сите одлуки од Хашкиот самит – зајакнување на одвраќањето и одбраната на Источното крило, особено во Црното Море, зголемување на инвестициите во одбраната, продолжување на колективната поддршка за Украина и зајакнување на партнерствата.

Потоа Жељазков ѝ нагласил на Шекеринска дека Бугарија веќе достигнала над 2 отсто од БДП во трошоците за одбрана и постои политички консензус за постепено зголемување до 5 проценти од БДП до утврдениот рок 2035 година. Моментално таа спроведува повеќе проекти за модернизација фокусирани на купување модерни системи за оружје за трите типа вооружени сили: нови оклопни борбени возила „Страјкер“, два мултифункционални модуларни патролни бродови за морнарицата. Испораката на борбени авиони „Ф-16“ е започната.

Во однос на регионалната безбедност, вклучително и воената мобилност на НАТО и ЕУ, премиерот Жељазков пред Шекеринска ја истакна важноста на паневропскиот Коридор VIII, кој го поврзува Јадранското Море од Италија преку Албанија, Македонија, до Бугарија на Црното Море. Овој проект е исто така од витално значење за економскиот раст на поширокиот регион, вклучително и Западен Балкан, рече премиерот, и очекува сојузниците да ја одиграат својата улога без одложување.

Бугарија е подготвена да придонесе за обезбедување такви гаранции како дел од напорите на Коалицијата на волјата: во поморската област, на пример, со заеднички операции за борба против мини во рамките на Групата за борба против мини на Црното Море, а во воздушната област, можеме да обезбедиме воздушен простор и поддршка од земјата домаќин за коалициските сили.

За време на средбата со Шекеринска, премиерот Жељазков изрази загриженост за тековната нестабилна безбедносна ситуација во Западен Балкан, обележана со политичка поларизација, меѓуетнички тензии и институционални дефицити – сите од кои се дополнително влошени од малигно влијание и хибридни активности од надворешни актери, објави БТА.

Нема никакви информации дали воопшто бил споменат ќор-сокакот во односите меѓу Бугарија и Македонија, затоа што Шекеринска е во Софија во сосема друг капацитет.

Посетата на заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, е во рамките на 20. вежба на НАТО за управување со вонредни состојби што се одржува во Бугарија од 7 до 12 септември.

Пред неколку дена, НАТО објави дека Шекеринска ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември. Таа ќе одржи неколку билатерални средби. За време на посетата, Шекеринска ќе ги посети војниците од Мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија во базата Ново Село и ќе ја набљудува вежбата на НАТО за одговор при вонредни состојби „Бугарија 2025“ во Професионалниот центар за обука на први одговорници во Монтана. Покрај тоа, таа ќе одржи говор во Атлантскиот клуб.