Шевченко влезе во политика, ќе го советува Зеленски

Претседателот на Украина Зеленски вчера со декрет го именуваше Шевченко за свој советник.

Во кратката одлука само беше наведено дека Шевченко е назначен за советник, но не беше појаснето за кои прашања ќе биде задолжен да му помага на Зеленски.

Шевченко е најдобриот украински фудбалер во историјата кој своите најпознати фудбалски денови ги помина во Милано, со кого ја освои Лигата на шампионите во 2003 година, а една година подоцна ја освои и Златната топка.

За репрезентацијата на Украина постигна 48 гола на 111 настапи, а како селектор ја предводеше Украина до четвртфиналето на ЕП 2000, што е најдобар резултат во историјата на таа земја.