
Швјонтек нова шампионка на Вимблдон
Полската тенисерка Ига Швјонтек е новата шампионка на Вимблдон откако попладнево во финалето ја надигра Аманда Анисимова од САД со убедливи 2:0 во сетови.
Полската тенисерка Ига Швјонтек е новата шампионка на Вимблдон откако попладнево во финалето ја надигра Аманда Анисимова од САД со убедливи 2:0 во сетови (6:0 и 6:0). На тој начин полската тенисерка со овој успех испиша дел од историјата на Вимблдон. Финалниот меч траеше 57 минути.
Во текот на мечот Швјонтек имаше шест брејка од девет можности, притоа ривалката ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка. Во вкупниот број поени скорот беше 55:24 за Швјонтек.
За Швјонтек ова е прва Грен слем титула на Вимблдон во првото финале, а вкупно шеста грен слем титула во кариерата.
Анисимова со солзи во очите во заврши мечот.
Финалето во машка конкуренција се игра утре со почетокот 17 часот, а ќе играат Јаник Синер и Карлос Алкараз.