Швјонтек избори полуфиналето на турнирот во Сеул

Полската тенисерка Ига Швјонтек утрово ја победи Чехинката Барбора Крејчикова во четвртфиналето на турнирот во Сеул.

Полската тенисерка Ига Швјонтек утрово ја победи Чехинката Барбора Крејчикова во четвртфиналето на турнирот во Сеул.

Во мечот што траеше 1 час и 26 минути, Швјонтек славеше во два сета 6:0 и 6:3.

Дваесет и четиригодишната Полјачка сервираше два аса, направи три двојни грешки и реализираше шест од 10 брејк топки. Нејзината противничка сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше две од своите шест брејк топки.

Во полуфиналето, Швјонтек ќе се соочи со Австралијката Маја Џојнт, која ја победи Клара Таусон од Данска со ист резултат.

Турнирот во Јужна Кореја се игра за награден фонд од еден милион долари.