
Шверцери: Кукавиците од Софија ги затворија вратите за нас
Навивачката група Шверцери ги повика сите фанови на Шкупи вечерва на тренингот во Чаир да им дадат поддршка на своите фудбалери кога веќе не можат да го направат тоа во Софија.
Поради инцидентите во Скопје, забрането е гостување на навивачите во Софија. Шверцерите нема да патуваат на мечот, па вечерва на тренинг ќе им дадат поддршка на фудбалерите.
„Со оглед на тоа дека кукавиците од Софија ги затворија вратите од стадионот за нас и нѐ спречија да му дадеме поддршка на нашиот Шкупи, ве повикуваме сите вечерва во 19 часот да се собереме на нашата трибина во Чаир и да ги испратиме нашите херои на најдобар можен начин“, е пораката од навивачката група
Стадионот во Софија ќе биде исполнет до последно место, од таму пристигна информацијата дека билетите се распродадени.