Шведски научници развија гел за мамурлак
Има многу совети и предлози за лекување на мамурлакот – од банани, вода со електролити, аналгетици и сауни, но луѓето често завршуваат со главите под перница и реченицата „Никогаш повеќе“. Но, шведските научници велат дека нашле лек.
Кога станува збор за превенција и третман на мамурлак, постојат многу идеи слични на алхемијата.
Досегашните решенија, кои не се идеални, ги охрабрија истражувачите од еден од водечките европски универзитети да смислат „хидрогел“ за кој велат дека „може да ги намали штетните и опојни ефекти на алкохолот“.
Гелот базиран на протеини, развиен и тестиран на глувци на универзитетскиот швајцарски федерален институт за технологија во Цирих, го претвора алкохолот во телото во „безопасна оцетна киселина“.
Не само што гелот ветува дека ќе го спречи влегувањето на алкохолот во крвотокот, туку „го префрла разградувањето на алкохолот од црниот дроб во дигестивниот тракт“, вели професорот Рафаеле Мезенга.
„За разлика од процесот на метаболизирање на алкохолот во црниот дроб, штетниот ацеталдехид не се произведува како посредник“, објасни тој.
Гелот доведе до намалување на алкохолот во крвта за 50 отсто кај глувците, резултати кои го убедија тимот на научници дека ќе делува и кај луѓето, иако тие признаа дека ќе бидат потребни повеќе тестови.