
Шведска силно притиска за Црна Гора и Албанија да влезат во ЕУ, Македонија не ја споменува
Шведска силно тропа на барабанот за проширување на ЕУ, а нејзината министерка за Европа Јесика Розенкранц од 10 до 12 март ќе ги посети Албанија и Црна Гора. Македонија не е во планот. Нашата држава веќе подолго време е оставена сама да размисли што сака – да ги направи уставните промени или да остане надвор од патот за пристапување кон ЕУ.
Додека македонските власти чекаат некакво чудо од новата амерканска администрација и ги стават на клада во земјава сите со мислат поинаку од нив за Трамп, Албанија и Црна Гора се во цврст чекор за пристапување кон ЕУ.
Шведска силно тропа на барабанот за проширување на ЕУ, а нејзината министерка за Европа Јесика Розенкранц од 10 до 12 март ќе ги посети Албанија и Црна Гора. Македонија не е во планот. Нашата држава веќе подолго време е оставена сама да размисли што сака – да ги направи уставните промени или да остане надвор од патот за пристапување кон ЕУ.
Геополитичкиот пејзаж (тоа е повторно код за Трамп) поттикнува „нов моментум“ за проширување, рече Розенкранц. „Станува збор и за тоа ЕУ да се погрижи навистина да го видиме геополитичкиот интерес ЕУ да биде присутна во повеќе земји. Ако не сме таму, ако не ја отвориме вратата, некој друг ќе ја отвори“.
„Поддршката на земјите-кандидати на нивниот пат кон членство во ЕУ е инвестиција во безбедноста и стабилноста на нашиот континент, што е уште појасно појасно по целосната инвазија на Русија на Украина. Албанија и Црна Гора брзо напредуваат со неопходната реформска работа за да станат членки на ЕУ“, изјави Розенкрац во најавата за посетите.
Урсула Фон дер Лајен рече дека очекува Украина да стане членка на Европската унија пред 2030 година, додека комесарката за проширување Марта Кос повика на отворање таканаречени кластери за прием на Украина во првата половина на 2025 година.
Украина не го чувствува моментумот. Во својот говор пред лидерите на ЕУ минатата недела, претседателот Зеленски се пожали за, како што рече, „блокирање“ на процесот на пристапување на Украина. Но, Розенкранц е оптимист. „Дваесет и шест земји се многу јасни. Навистина наоѓам голема поддршка меѓу земјите-членки. Не може да има алтернатива. Тоа не е само првиот кластер, туку и сите кластери оваа година“, рече таа.
„Унгарија не може да го постави темпото“ за проширување, додаде Розенкранц. „Треба да најдеме подобар систем за 27 земји да се согласуваат секој пат кога ќе отворите кластер… што носи 100-150 одлуки по земја“. (Независен)