Шведска потпиша нов договор за воена соработка со САД

Шведска потпиша нов договор за воена соработка со САД со цел да ги зајакне своите граници, објавија шведските медиуми.

Според шведската новинска агенција СВТ, новиот договор ќе ги прошири можностите за заеднички воени операции и вежби за двете земји, особено во моментот на разгледување на апликацијата на Шведска за членство во НАТО.

Началникот на Генералштабот на американската армија Џејмс Меконвил изјави дека во сегашните меѓународни околности соработката е од големо значење. – Американската армија ќе обезбеди војници и поддршка во согласност со насоките на нашето раководство, рече тој за СВТ.

Меконвил потсети дека САД и Шведска веќе тесно соработуваат во воената сфера, додавајќи дека САД се загрижени за ситуацијата на Арктикот и дека шведската војска е експерт во тој регион.

Врховниот командант на шведската армија Карл Енгелбрехтсон истакна дека воен сојуз со САД би бил корисен во случај на војна во Европа.