
Шведска, Норвешка и Данска ќе се вклучат во иницијативата за купување оружје за Украина
Шведска, Норвешка и Данска ќе се вклучат заедно со околу пет милијарди норвешки круни, односно 486,16 милиони американски долари, во новата иницијатива на НАТО за снабдување на Украина со американско оружје, jaвија светските агенции.
Шведска, Норвешка и Данска ќе се вклучат заедно со околу пет милијарди норвешки круни, односно 486,16 милиони американски долари, во новата иницијатива на НАТО за снабдување на Украина со американско оружје, jaвија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од норвешката Влада.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД ќе обезбедат оружје за Украина, кое ќе го платат европските сојузници, но не даде детали за тоа како тоа ќе функционира.
„Благодарен сум на Данска, Норвешка и Шведска за нивниот брз одговор во финансирањето на пакетот американска воена помош за Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Холандија објави дека ќе биде првиот донатор на новиот механизам за финансирање оружје за Украина на НАТО, наречен „Список на приоритетни барања на Украина“, со уплата од 500 милиони евра.
Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Киев, вклучувајќи и ракети „Патриот“