Шведската влада денеска соопшти дека на Украина ќе и испрати воена поддршка во вредност од 1,3 милијарди долари, што е најголемиот пакет за оваа нордиска земја од почетокот на војната.
Министерот за одбрана Пол Џонсон изјави дека пакетот помош за зајакнување на воздушната одбрана на Украина ќе го вклучи и извидувачкиот авион ASC 890, пренесува Ројтерс.
Шведската влада минатата среда објави дека ќе испрати дополнителна воена поддршка за Украина во вкупна вредност од 6,5 милијарди долари во текот на три години.