Шведска е полноправна членка на НАТО

Знамето на Шведска, која од вчера стана полноправна членка на НАТО, во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел. Ова го соопшти генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг.

Веќе е официјално дека Шведска е 32-та држава во НАТО. Така, земјата го зазема заслуженото место меѓу сојузниците, напиша Столтенберг на социјалната мрежа „Икс“.

Влегувањето на Шведска во НАТО го прави пактот посилен, а земјата побезбедна, додаде Столтенберг

И Шведска и Финска побараа да се приклучат на НАТО во мај 2022 година, по целосната инвазија на Русија на Украина во февруари истата година. Финска стана членка на Алијансата во април 2023 година.