Истекување на гас во шведскиот ексклузивен економски појас повеќе не е видливо, објави шведската крајбрежна стража, по контролата на тоа подрачје вчера и денес.
Властите во средата кажаа дека сè уште може да се видат меурчиња како излегуваат од цевководот Северен тек 2 создавајќи бранови на водата во дијаметар од околу 10 метри. На крајот на септември двата крака на гасоводот беа оштетени во експлозии на четири места, две во шведските води и две во данските. Се верува дека станува збор за саботажа и отворена е истрага. Инцидентот се случи во момент на високи тензии меѓу САД и Русија околу војната во Украина.
Данските власти објавија претходно месецов дека не веруваат дека гас сè уште истекува од гасоводот во нивната економска зона. Москва ги отфрли западните тврдења дека може да е одговорна за оштетувањата на гасоводот и покажува со прст кон Вашингтон.