Швајцарски музеј отстрани слики од изложба поради сомневање дека се украдени од нацистите

Швајцарскиот музеј Кунстхаус во Цирих објави дека ќе отстрани пет слики од својата изложба додека трае истрагата за тоа дали делата некогаш биле украдени од нацистите.

Уметничките дела кои се под истрага вклучуваат слики од Клод Моне, Винсент Ван Гог и Пол Гоген, јавува Би-Би-Си.

Долго време има сомнежи за потеклото на парчето во колекцијата на Емил Бурле, именувана по трговецот со оружје кој своето богатство го заработил за време на Втората светска војна правејќи и продавајќи оружје на нацистите.