ШВАЈЦАРИЈА ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ: Прифатена вината што Русија не учествува на конференцијата за Украина

Швајцарија „презема одговорност“ што не ја покани Русија на конференција за Украина, откако разговараше за ова прашање „со многу земји“, изјави на прес-конференција министерот за надворешни работи на земјата, Игнатиус Касис.

– Тоа е наш избор и ја преземаме одговорноста за тоа. Како земја домаќин, ние бевме одговорни дали да ја упатиме или не поканата. Разговаравме за ова со многу земји, не само со западните. Ги одмеривме ризиците – нагласи тој на прашањето да објасни зошто Берн одлучи да не ја покани Москва.

Касис прецизираше дека, од една страна, некои држави на Глобалниот југ барале присуство на Русија, но дека Швајцарија, од друга страна, не сакала да ризикува Киев да не учествува, со покана на Москва.

Претходно најголемата партија во швајцарскиот парламент „Демократскиот сојуз на Центар“ претходно апелираше до властите да ја поканат Русија на конференцијата за Украина, која се одржува во таа земја на 15 и 16 јуни, за настанот да не се претвора во необјективна, пропагандна конференција за оружјето.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека Швајцарија ја загубила својата неутралност со тоа што се солидаризирала со малцинство од западните земји во врска со мировната конференција во Украина

Швајцарија на 15-16 јуни ќе биде домаќин на мировната конференција за Украина, која ќе се одржи во близина на градот Луцерн. Русија нема да биде присутна на настанот. Портпаролот на руската амбасада во Берн, Владимир Холов, претходно за Спутник изјави дека Швајцарија на Русија не и испратила покана за учество на самитот за Украина, но дека Москва во никој случај нема да учествува.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Швајцарија, на мировната конференција на ниво на лидери на држави и влади ќе бидат поканети околу 120 земји.

Москва претходно постојано нагласуваше дека е подготвена за преговори, но дека Киев воведе забрана за нив на законодавно ниво. Западот постојано ја повикува Русија на преговори за кои Москва покажува подготвеност, но во исто време Западот ги игнорира постојаните одбивања на Киев да се вклучи во дијалог.