Шварценегер стана личен тренер, за еден тренинг наплатил по 150.000 долари
Актерската ѕвезда, Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД затоа што тренирал 2 тима, од кои секој платил по 150.000 долари за водени вежби.
Двете групи ги платија споменатите суми на аукција во рамките на добротворната кампања „After-School All-Stars“, која Арнолд ја основа пред 30 години за да им помогне нa децата ширум земјата.
Во рамките на акцијата, луѓето донираа 5,2 милиони долари, од кои 1,75 милиони се од аукцијата.
Покрај тренинзите, Арнолд продавал на аукција облека, уметнички дела и возења во својот тенк.
Гостите платија 50.000 долари по глава за да присуствуваат на настанот. Се појавија Силвестер Сталоне, Дени Девито…
Неодамна, Арнолд и програмата „After-School All-Stars“ помогнаа да се отвори програма после училиште во Увалде, Тексас, на барање на градот, и беа потребни само 45 дена за да се подготви програмата за да им помогне на децата со училишни активности.