Шаќири против студентите за исплата на стипендиите: Кој е во право?

Шаќири вели дека стипендиите се исплатени, студентите не мислат така. Точно е дека дел од стипендиите се исплатени, но дел од нив се уште не се.

Црвен картон од студентите за министерот Шаќири, за доцнењето на исплатите на стипендиите, ваучерите за превоз, лошиот студентски стандард. На протестот побараа промени и одговорност за начинот на кој работи институцијата. Предложија календар по кој Министерството за образование треба да ги подмирува обврските кон нив. Иако поканети, не се сретнаа со Шаќири.

МОН повторно нѐ излажа. Секој месец истото соопштение. Разликата од стипендиите за студентската 2020-2021 годината уште не се пристигнати. Јас земав социјална стипендија, очекувам околу 24.000 денари, но од Министерството гледаме само гол популизам. Се надевам дека денешниот протест ќе смени нешто и кончно на нашите сметки ќе дојде она кое е наше. Како студени имаме лош стандард, а МОН не е наш партнер во борбата за подобро утро и подобар живот на младите луѓе, вели студентот кој побара да остане анонимен.

Финансиите, процедурите за изборот на техничката влада, административните пречки според министерот Шаќири се главни проблем поради кои доцни исплатата на мерките за студентите, но вели парите веќе се на сметките. Уверува дека е нивен партнер во борбата за подобар живот и очекува да продолжи добрата соработка со нив.

Од Владата пак информираа дека наредната недела ќе бидат исплатени стипендиите за новите корисници и дека се воведени нови категории кои изнесуваат 18.000 денари. Дополнително стартува и проектот за реконструкција на сите студентски домови и финансиска помош преку антикризните мерки за ученици со ниски примања.