Арлинда Кадри Шахиновиќ, член на Комисијата за помилување, била ангажирана и во Фудбалската федерација на Македонија, јави Нетпрес.мк. Членовите на Комисијата вчера поднесоа оставки по реакциите во јавноста за нивното прво решение откако се формирани за помилување.
Шахиновиќ наводно добила ангажман во ФФМ лично од претседателот Муамед Сејдини и нејзиниот хонорар изнесувал 30.000 денари месечно.Извори на Нетпрес изјавиле дека Арлинда Кадри Шахиновиќ не била изгласана на Управен одбор на ФФМ, туку Сејдини тоа го направил со одлука на Комитетот за итност. Таа ја извршувала функцијата претседавач на Комисијата за жалби во ФФМ.
Во исто време, додека имала ангажман во ФФМ, Арлинда Кадри Шахиновиќ била избрана и за професор на приватниот МИТ Универзитет.
Вчера професорот Гордан Калајџиев, кој беше претседател на Комисијата за помилување, објави дека тој и сите членови поднеле колективна оставка.