Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет денеска од Јапонија ја коментираше моменталната состојба на глобалната безбедност во светот.
„Додека зборуваме, глобалната безбедност е под закана. Русија, нуклеарно вооружена држава, ја напаѓа суверената нација Украина, додека прави срамни и неприфатливи алузии за употреба на нуклеарно оружје“ рече Мишел.