Шангај останува во карантин поради ширењето на Ковид-19

Шангај – главниот финансиски центар на Кина ги продолжи епидемиолошките ограничувања во јавниот превоз, откако по еднодневно интензивно тестирање низ градот, беше утврдено дека бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголеми на повеќе од 13.000.

Минатата недела во градот беа воведени пошироки ограничувања како дел од напорите на владата да ја спречи најголемата епидемија на Ковид-19 досега.

Повеќе од 25 милиони граѓани на Шангај сега се затворени, а ограничувањата во западните области на градот се продолжени до понатамошно известување.

Шангај стана полигон за тестирање за пристапот на владата кон „динамично чистење“ и нулта толеранција кон коронавирусот и неговата способност да го спречи ширењето на многу заразната варијанта Омикрон.