Шаленберг: Во ЕУ нема лента за претекнување, не смее да заборавиме на Западен Балкан!

„Западен Балкан е геополитичкиот регион за кој имаме најголема одговорност, бидејќи е опкружен со земји од ЕУ“.

Ова денеска во Љубљана го изјави австрискиот министер за надворешни работи – Александар Шаленберг.

Тој по средбата со словенечката министерка за надворешни работи – Тања Фајон предупреди дека ЕУ го губи тлото во врска со Западен Балкан.

„Ако зборуваме за Украина на Самитот на ЕУ, тогаш мора да зборуваме и за Западен Балкан. Јасно е дека во ЕУ нема лента за претекнување“ рече тој.

И Тања Фајон го поддржа предлогот за постепена интеграција на идните кандидати за во ЕУ.