Австриската влада си постави за цел целосно да го суспендира купувањето на руски гас до 2027 година, соопшти денеска министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.
„Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година“, рече Шаленберг на заедничката конференција со неговиот американски колега Ентони Блинкен.
Малку порано австрискиот министер за клима, заштита на животната средина, енергија, иновации, технологија Леонор Гевеслер изјави дека Виена мора да подготви начини за излез од договорот за снабдување со руски гас склучен во рамките на концернот ОМВ.