Шакира и Жерар Пике неодамна потврдија дека се разделуваат по 12 години заедно.
Пејачката и фудбалерот имаат два сина, Милан и Саша, а како што пишуваат странските медиуми, и двајцата сакаат да имаат целосно старателство над нив.
Имено, првично тоа требаше да биде консензуално, но поради желбата на Шакира да се пресели од Барселона во Мајами со синовите, се се промени.
Сепак, таа наводно го добила целосно старателството над синовите и планира да се пресели, додека Пике е против тоа.
Фудбалерот сака момчињата да останат со него во Шпанија, каде што живеат од раѓање и да одат на училиште, пренесува „Marca“.
Фудбалерот на Барселона преку својот адвокатски тим објави изјава како предупредување до медиумите и папараците кои континуирано објавуваат „непроверени информации“ за него и раскинувањето со пејачката.
„Пишувањето на некои медиуми и папараци е континуирано, принудувајќи го нашиот клиент да ја смени својата секојдневна рутина со единствена цел да ги заштити своите деца, семејството и блиските“ – се вели во соопштението на адвокатите на Пике.