Шабас Нејпир ќе игра во Евролигата

Шабас Нејпир ќе игра во Евролигата. Поранешниот НБА играч потпиша договор до крајот на сезоната со Олимпија Милано.

Toj изминатите две недели се поврзуваше со Панатинаикос. Откако тој трансфер не реализира, тој потпиша со тимот на Еторе Месина.

Во НБА играше во Мајами Хит, Орландо Меџик, Портланд Трејл Блејзерс, Бруклин Нетс, Минесота Тимбервулвс и Вашингтон Визардс, а во Европа имаше договор со Зенит.

Поради тешка повреда Нејпир не одигра ниту една секунда за за тимот од Санкт Петербург, а потоа поради војната во Украина го раскина договорот со рускиот тим.

Пред да дојде во Олимпија играше во Џи лигата за Сиудад де Мексико. Во Евролигата би требало да дебитира против Црвена звезда на 3.февруари.