Чучуљ: Ќе постапуваме по сите иницијативи за корупција

Новиот претседател на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, вели дека Комисијата ја поздравува секоја иницијатива за борба против корупцијата и ќе ги следи сите јавни настапи, без разлика од каде доаѓаат.

Новиот претседател на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, вели дека Комисијата ја поздравува секоја иницијатива за борба против корупцијата и ќе ги следи сите јавни настапи, без разлика од каде доаѓаат.

-Ја поздравуваме секоја иницијатива било да е од политичка партија, здружение на граѓани, медиуми за борба против корупцијата. Ќе ги следиме сите јавни настапи било на медиумите, опозицијата или власта и секаде каде има основ за наше постапување, ќе постапуваме… ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети се ограничени во делот на истрагата – истакна Чучуљ во гостување на „Сител“.

Во врска со можноста за ревидирање на предметите од мандатот на претходната претседателка, тој смета дека нема потреба, бидејќи одлуките се носеле на јавни седници и со мнозинство гласови, појаснувајќи дека распределбата на предметите е електронска и без влијание на претседателот.

-Сите одлуки… се донесени и со мнозинство… немам дилеми дека има простор за злоупотреба. Предметите се распределуваат електронски… не постои никакво влијание на претседателот – нагласи Чучуљ.

За едногласната поддршка при неговиот избор, пак, вели дека е изненаден и благодарен, но и дека чувствува морална и професионална одговорност.