„Она што ме загрижува во кампањата е етнопопулизмот. Албанската и македонската опозиција како да си се усогласени во своите националистички и етнопопулистички реторики. А после кога ќе бидат власт ќе се сакаат? Сега ќе се плукаат, после ќе треба да се сакаат“ рече универзитетската професорка Ана Чупеска на тв24.
Таа додаде дека колку и да го сметаат за легитимен етнопопулизмот, мора да се внимава во мултикултурна средина бидејќи тој може да има лоши долгорочни ефекти.
„На луѓето им требаат обединувачки тонови, а не разединувачки. До кога таа приказна ќе ја узурпира политичката сцена? Етнопопулизмот кај нас е како во балетски синхронизирана претстава“ рече Чупеска.
Професорката рече дека ваквите наративи можеби ќе донесат краткорочно глас плус, но на долг рок не ги еманципираат луѓето поради што нема напредок.
„Ако сакаме напредок како општество, политичарите мора да имаат функција за еманципација“ рече Чупеска.