Чудна традиција – градоначалник во Мексико се оженил со алигатор

Виктор Иго Соса, градоначалникот на малиот мексикански гард Сан Педро Хуамелула се оженил со алигатор на церемонија придружена со традиционална музика, весели гости и извици од домородниот водач кој го овековелил свечениот чин, пренесува „Дејли Мејл“. Венчавката била во четвртокот, тој неколкупати го бакнал алигаторот, кој бил врзан за да се избегнат несакани случувања.

Овој свадбен ритуал во Мексико потекнува од предхиспанските домородни заедници Чонтал и Хуаве, како молитва за благодатите на природата.

Верувањата се дека 7 -годишниот рептил, за оваа прилика наречен мала принцеза, го претставува божеството на мајката Земја, а венчавката со локален водач го симболизира соединувањето на луѓето со божественото.