Човекот што го удри Сали Бериша не ги земал редовно лековите

Герт Шеху (31) – човекот кој му удри бокс на Сали Бериша среде Тирана, за време на протестот на опозицијата на самитот ЕУ-Западен Балкан бил психијатриски пациент кој не ги пиел редовно своите лекови. Ова за Еуроњуз Албанија го изјавил неговиот лекар во утринска емисија.

Докторот, Садик Лала, вели дека 31-годишниот Герт Шеху имал халуцинации и нарушување во однесувањето.

„Тој беше на лекови. Не земал лекови редовно. Ние, за разлика од општата медицина, имаме посебна дисциплина(ЕСМ), а тоа е испитување на менталниот статус, што е инаку стандардно низ целиот свет. Историјатот на некое минато заболување кај пациент кога правиме одреден извештај не се менува. Испитувањето на менталниот статус го испитува токму тоа, каква е перцепцијата, какво е размислувањето, какво е однесувањето, мислите, дали личноста има или нема заблуди. Суштината на психозата ја сочинуваат најмалку два од следните три симптоми: заблуди, лажни верувања, халуцинации и она што е најважно, нарушување во однесувањето“ – нагласи докторот.

Шеху вчера го нападна лидерот на ПД, Сали Бериша, додека овој маршираше за да учествува на протестот. Тој го удрил Бериша по лицето при што го раскрварил. Веднаш бил приведен од телохранителите на Бериша, а во меѓувреме самиот бил нападнат од поддржувачи и симпатизери на ДП.