
На 15.12.2024 во 15.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благој Давков“ во Скопје има машко лице, најверојатно со психички проблеми, кое тропало по вратите на становите и ги вознемирувало станарите.
Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот, а кога ги видело полициските службеници, лицето се качило на дрво на висина од 15 метри.
По одредено време, лицето доброволно се симнало. Утврдено е дека станува збор за Д.Б. и по укажаната помош на лице место од екипа на Итна помош, лицето е пренесено во здравствена установа.
На социјалните мрежи, невкусно, човекот го доби надимакот „Тарзан во Дебар маало“.