Полицаец кој не бил на должност, а кој е и дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ноќеска пред скопски локал нападнал колега полицаец кој пак бил дека од акција на МВР.
МВР го потврди инцдентот.
„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.
Од опозициската партија велат дека Ивица Б. нема веќе да биде ангажиран во обезбедувањето на Мицкоски.
За случајот алармираше дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од СДСМ кој во објава на социјалните мрежи вели дека напад на полицаец е напад на државата.
„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално“ – напиша Бојмацалиев на социјалните мрежи.