Членовите на групата „Рибља чорба“ се простија од нивниот фронтмен

Членовите на групата „Рибља чорба“ се простија од нивниот фронтмен, пејачот Бора Чорба за време на комеморацијата што се одржува во Чачак каде што денеска ќе биде и погребот на рокерската легенда.

Никола Зориќ, член на групата, рече дека сега на „семејството и бендот им останува честа да ги негуваат достигнувањата на Бора со посебно внимание на вистински начин“.

„Имав чест да го запознаам Бора и да го сфатам. Го нема, во светот го нема, обезглавени сме, тоа се речениците кои засекогаш ќе ми останат врежани во сеќавањето“, изјави Зориќ.

Мирослав Вичко Милатовиќ, единствениот преживеан основач на „Рибља чорба“, се прости од Бора со зборовите:

„Драг наш Боки, ако мислиш дека си заминал, се лажеш, ако мислиш дека нè остави, пак се лажеш. Засекогаш ќе останеш во нашите срца и никогаш нема да заминеш. Чест ни е што нè избра да креираме музика за твоите песни. Поздрави ни ги Миша и Рајко и речи им дека многу ни недостигаат, како и ти што ќе ни недостасуваш“, рече Милатовиќ со грутка во грлото.